Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба: Украина ја нуди својата стратешка визија за стабилен безбедносен систем
Во својот говор за време на дискусија „Украина-Франција“ на Францускиот институт за меѓународни односи Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, покрај друго изјавил, дека „иднината на европската безбедност ќе се базира врз зајакнување на безбедносната архитектура којашто го обезбедувала мирот и просперитетот на Европа во последните триесет години.
Со цел овој безбедносен систем да се направи постабилен и да се ажурира безбедносниот фирмвер на нашиот континент, Украина ја нуди својата стратешка визија: Зајакнување на воспоставените блокови и организации како што се ЕУ и НАТО, како и зајакнување со мрежа на дополнителни мали алијанси. Овие алијанси ги вклучуваат како членките на овие организации, но и тие кои сè уште или веќе не се нивни учесници. Благодарение на алијансите, Европа станува сè поголема, и го прави тоа во флексибилен формат. Дополнителни мали сојузи можат да послужат за проширување и зајакнување за ЕУ и НАТО, а за не нивната противтежа. Во време кога воспоставените сојузи имаат потешкотии со брзината и ефективноста на реакциите поради банални антагонизми меѓу поединечни влијателни членки, дополнителните компактни сојузи се способни да дејствуваат брзо и да ги решат проблемите. Украина веќе има три такви компактни алијанси. Тоа се Лублинскиот триаголник со Литванија и Полска, Асоциираното трио со Грузија и Молдавија, како и нашиот формат на односи со Турција. Тие брзо и ефикасно решаваат конкретни регионални и практични проблеми. Европа, исто така, има многу слични здруженија. Тоа се Вајмарскиот триаголник, Централноевропската петорка, Славковскиот формат и ред други. Развојот на европска мрежа на мали алијанси ќе придонесе за целата безбедносна архитектура да стане пофлексибилна, а не фрагментирана. Децентрализацијата ќе обезбеди стабилност за време на антагонизам во меѓународните односи. Подоцна таквата мрежа на комуникации ќе биде интегрирана во нов безбедносен поредок којшто ќе биде постабилен и поотпорен од сегашниот. Тоа ќе биде еволутивен и мирен развој, а не преструктуирање на безбедносниот систем преку воена катастрофа, закани и ултиматуми, како што се случуваше во минатото, или како што Русија се обидува да направи сега. 2️. Санкции и храброст за нивната примена против оние кои посегнуваат по основите на безбедносниот ред. Европа ќе мора извесно време да држи во раце „електрошокер на санкциите“. Како и храброста да го искористи против оние кои посегнуваат по темелите на безбедносниот ред. Многу е добро што Европската Унија сега има развиено таков пакет санкции против Русија. Дури и кога ќе ја решиме сегашната безбедносна криза, создадена од страна на Русија, овој пакет санкции ќе остане подготвен. Тој ќе продолжи да биде фактор за спречување на какви било обиди да се навлезе во безбедносната архитектура на Европа во иднина. Живеејќи во кварт каде што има сериски манијак, мора да се сложите, подобро е да имате електрошокер не во продавница, туку веднаш во вашата чанта. 3️. Подготвеност за нови големи амбиции На Европа ѝ се потребни здрави амбиции, вклучително и членството на Украина во ЕУ и НАТО. Токму Украина го претставува тој потенцијал на Европа којшто може да ја изнесе до ново ниво на влијание на глобалната арена. За тоа треба да се отфрлат стравовите, имагинарниот замор од проширувањето и неодлучноста, да се погледне со сопствени очи во иднина. Потребно е да погледнете на Украина низ призмата на вашите односи со Украина, а не низ призмата на односите со Русија. Замаглен став со којшто некои европски земји порано гледаа на идното полноправно членство на Украина во Европската унија престана да биде конструктивен. Ве покануваме да гледате во иднината заедно со нас. Тогаш ќе имаме појасно разбирање што да правиме за надминување на насобраните кризи,“ – се наведува на сајтот на Министерството за надворешни работи на Украина. Фото од сајтот на Министерство за надворешни работи на Украина
Опсервер: Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба: Украина ја нуди својата стратешка визија за стабилен безбедносен систем на Европа | opserver.mk